Стандарден  курс
Овој курс опфаќа 32 часа по 90 минути во еден семестар. Наставата се одвива два пати во неделата (понеделник и среда или вторник и четврток). Целиот курс е поделен во шест степени според Европската рамка на јазици и наставната програма е согласно со европските стандарди. Главниот акцент се дава на вокабуларот и конверзацијата, а исто така наставата опфаќа и културолошки теми поврзани со Италија.

 

Интензивен курс
На овој курс се работи според адаптирана програма за интензивно учење. Еден степен се изучува за два месеца, а часовите се три пати во неделата.(24 часа по 90 минути). За реализација на овој курс потребни се најмалку четворица слушатели. 

 

Суперинтензивен  едномесечен курс
Наставата се одвива пет пати во неделата, од понеделник до петок во текот на еден месец.  Фонд на часови 20 по 90 минути.  За реализација на овој курс потребни се најмалку четворица слушатели.

 

Суперинтензивен летен курс
Наставата се одвива пет пати во неделата, од понеделник до петок.  Фонд на часови 20 по 90 минути.  За реализација на овој курс потребни се најмалку четворица слушатели.
Наставата се одржува во текот на месеците  јуни, јули или август претпладне или попладне зависно од потребата на слушателите.

 

Италијански за економисти и правници
Наставата се одвива два пати во неделата.  Фондот на часови е 32 по 90 минути.
За реализација на овој курс потребни се најмалку четворица слушатели кои го имаат совладано најмалку нивото Б1.

 

Конверзациски курс
Курсот по конверзација е наменет за оние кои сакаат да го освежат своето пасивно знаење на јазикот и да научат да го користат спонтано. Слушателите треба да имаат познавање од минимум Б2 ниво.  Се обработуваат теми од областа на филмот, музиката, литературата, сликарството, италијанското секојдневие, италијанската политика и економија и др.
Фондот на часови е 32 часа по 90 минути, два пати во неделата.  За реализација на овој курс потребни се најмалку четворица слушатели.

 

Мини група
Доколку има двајца слушатели од исто ниво кои се вклучуваат истовремено но на средина на семестарот нудиме можност да се формира мини група . Се работи по истата програма како и во стандардните курсеви, фондот на часови е најмалку 20 часа по 90 минути, а цената е 400 денари за блок час од 90 минути по слушател. Термините се по договор.

 

Индивидуални часови
Покрај редовните курсеви нудиме и индивидуални часови. Се работи според потребата на слушателот.