ПЛИДА е сертификат за познавање на италијанскиот јазик, кој го издава институтот Данте Алигиери.

Со овој сертификат се потврдува познавањето на италијанскиот како странски јазик според скалата од шест нивоа, А1, А2, Б1, Б2, Ц1, Ц2 од Заедничката европска референтна рамка за познавање на јазиците, Совет на Европа.   Испитите за добивање на сертификатот ПЛИДА се изведуваат два пати годишно, во мај и во ноември, при Институтот Данте Алигиери во Скопје.

 

Испитот е наменет за сите странски државјани што сакаат:

  1. Да се здобијат со признаен сертификат за познавање на италијанскиот јазик.
  2. Да работат во Италија, односно да се здобијат со дозвола за долг престој.
  3. Да студираат во Италија, односно да се запишат на некој од италијанските универзитети

 

  • Сертификатот  ПЛИДА е официјално признаен од страна на Министерството  за надворешни работи, Министерството за труд и социјална политика и од Министерството за образование и наука на Република Италија.

 

Со Декрет од Министерството за внатрешни работи на Р. Италија од 4-ти јуни 2010 година, сите странски државјани кои што сакаат да добијат дозвола за долг престој потребно е да докажат дека го познаваат италијанскиот јазик. Оние кои што ќе приложат сертификат ПЛИДА од ниво А2 ќе бидат ослободени од тестирање за докажување на познавање на јазикот.

 

За сите дополнителни информации околу подготвителните курсеви и испитот можете да се информирате во училиштето.