За Нас

Italianissimo е специјализирано училиште за изучување на италијанскиот јазик.

Нашата мисија е да ги запознаеме учениците со убавината и богатството на италијанскиот јазик преку квалитетна настава и презентација на културата на Италија.

Италијанскиот јазик е еден од најубавите јазици во светот. Плени со својата убавина и мелодичност и затоа се наоѓа на четврто место по изучуваност во светот. Нудиме курсеви за сите степени, од почетни до напредни, за сите возрасни групи.

Придружете ни се во Italianissimo и станете дел од нашето семејство, каде што италијанскиот јазик и култура оживуваат!