Преведувачки услуги
Во рамките на нашиот специјализиран центар по италијански јазик работат професионални преведувачи - дипломирани филолози по италијански јазик, квалификувани за писмен превод и толкување. Преведувачкиот тим на ITALIANISSIMO се одликува со професионален пристап кон работата, навременост и квалитет на преводот.
ПИСМЕН ПРЕВОД
Цените на писмениот превод се движат од 350-600 денари од страница, во зависност од големината, тежината и времетраењето дадено на располагање од страна на клиентот за испорака на истиот (за преводи поголеми од 15 страници).
Страниците за големи преводи (над 15 страници) се пресметуваат по број на карактери. ( 1600 карактери без празни места соодвестувaат на една страница)
За останатите документи цената важи од страница преведен текст.
Italianissimo гарантира целосна заштита и дискреција при изработка на вашата документација!
Области на превод што Ви ги нудиме:
- Судски превод (уверенија, дипломи, договори и слична документација)
- Лична документација
- Бизнис дописи/комуникација
- Маркетинг и рекламни материјали (брошури, плакати, летоци и сл.)
- Аудио и видео материјали
- Литература
- Образование
- Економија
- Тендерска документација
- Банкарство и финансии
- Право
- Технички упатства
- Автомобилизам
- Градежништво
- Инженерство итн.
ТОЛКУВАЊЕ
- 1. Консекутивно толкување
Цените за консекутивен превод се утврдуваат според сложеност на темата и времетраењето на ангажманот.
Цената од час консекутивно толкување изнесува 1200 денари. По изминати два часа толкување, цената изнесува 1500 денари за секој нареден час.
- 2. Симултано толкување
Цените за симултано толкување се утврдуваат според сложеност на темата и времетраењето на ангажманот.
Kонферециското толкување, по правило е проследено со двајца толкувачи кои се менуваат на временски период од 15-20 минути. Цената од час за еден преведувач изнесува 1500 денари. По изминати два часа толкување, цената изнесува 1800 денари за секој нареден час.
Напомена: Ангажманот на толкувачите започнува од моментот на договорениот термин со клиентите и трае сè додека постои потреба за толкување.