Подготовка за испитите CILS и PLIDA

Училиштето врши индивидуална подготовка за испитите CILS (Certificazione di Italiano come Lingua Straniera) и PLIDA (Progetto Lingua Italiana Dante Alighieri).

PLIDA е сертификат за познавање на италијанскиот јазик, кој го издава институтот Данте Алигиери.

Со овој сертификат се потврдува познавањето на италијанскиот како странски јазик според скалата од шест нивоа, А1, А2, Б1, Б2, Ц1, Ц2 од Заедничката европска референтна рамка за познавање на јазиците, Совет на Европа.   Испитите за добивање на сертификатот PLIDA се изведуваат два пати годишно, во мај и во ноември, при Институтот Данте Алигиери во Скопје.

Испитот е наменет за сите странски државјани што сакаат:

  1. Да се здобијат со признаен сертификат за познавање на италијанскиот јазик.
  2. Да работат во Италија, односно да се здобијат со дозвола за долг престој.
  3. Да студираат во Италија, односно да се запишат на некој од италијанските универзитети

Сертификатот PLIDA е официјално признаен од страна на Министерството за надворешни работи, Министерството за труд и социјална политика и од Министерството за образование и наука на Република Италија.

Со Декрет од Министерството за внатрешни работи на Р. Италија од 4-ти јуни 2010 година, сите странски државјани кои што сакаат да добијат дозвола за долг престој потребно е да докажат дека го познаваат италијанскиот јазик. Оние кои што ќе приложат сертификат PLIDA од ниво А2 ќе бидат ослободени од тестирање за докажување на познавање на јазикот.

За сите дополнителни информации околу подготвителните курсеви и испитот можете да се информирате во училиштето.